Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

1 min read
„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Скопје, 20. април 2026 (ИНПРЕС) – Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љубиш д не се поправиш.  Ти не си за мене потрошено време, барем се освестив. Крив си за се, дај остави ме, без лажно каење… Ова се дел од стиховите на новата песна на Мими Јовановска, насловена „Заборави“.

Оваа љубовна балада носи тага за несреќна љубов и скршени срца. Но, додека се снимаше никој не ни помислуваше дека оваа песна ќе носи уште една тага, а тоа е згаснатиот живот на Сара Пројковска, која ги пее придружните вокали.

– Песната е готова уште минатата година, јас тогаш најавив две. Но,се случи несреќата во Кочани, па  ги повлеков и двете. На двете песни придружен вокал е Сара Пројковска, која за жал го загуби животот во пожарот. Додека ја снимавме песната не ни помислував дека ќе носи толку тага. Затоа песната остана да стои, јас тогаш немав ни желба да ја објавам. Еве по една година ја промовирав и драго ми е што на неа е гласот на Сара.  Песната е тажна љубовна балада, па и покрај тоа што носи толку тага во неа наиде на голем одзив кај публиката, вели Мими.

Музиката е на Филип Нуне, аранжманот на  Дамир Имери, додека текстот на Огнен Неделковски. За спотот беше задолжен охриѓанецот Даниел Јовески и неговата „Sustain Production“. Придружните вокали се на Сара Пројковска, Ана Костова и Драги Лазев. Гитарата е на Гуру Харе, Горан Гешовски на бас гитара и Дамир Имери на пиано.

Мими пред крајот на минатата година ја објави и љубовната балада „Те сакам“,  а во подготовка се уште нови песни. Таа е и дел од „Бендот на браќата Нуне“, кои наскоро ќе промовираат многу новини од нивната музичка кујна. Парлелно со новите песни ги чека и летната сезона на настапи низ државата, но и надвор од неа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје
Next Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

Слични вести

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.