Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Охрид

Започнува одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Охрид

1 min read
Започнува одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Охрид

Охрид, 6. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Денеска започнува програмата за одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Охрид.

Вечерва од 18:00 часот во галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Охрид од високо“ на Нина Анѓелоска. Во изложбениот салон од 18:30 часот ќе биде отворена изложба на уметнички слики од охридскиот сликар Славко Упевче, а во 19:00 часот во големата сала при Центарот за култура ќе се одржи Свечена академија по повод 80 години од одлободувањето на Охрид. Пред присутните ќе се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, а ќе се одржи и културно-уметничка програма.

За утре се предвидени повеќе активности. ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го одбележи Патрониот празник, а ќе биде положено и свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, на Градските гробишта, пред Основниот суд во Охрид, во Градскиот парк и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Свежо цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска и во спомен-паркот на револуцијата, каде ќе се обрати и претставник на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Во 13:00 часот ќе започне „Ohrid fly Festival“, Европски куп во параглајдинг, чие свечено отворање ќе се одржи на СРЦ „Билјанини извори“ со поздравни говори на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и министерот за спорт во Владата на Република Македонија Борко Ристовски. Како дел од програмата е и промоцијата на книгата „Охридски летопис“ од проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески, свечената приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“ и Седмоноемврискиот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето.

Во петок, на 8-ми ноември со почеток во 12:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „Тие доаѓаат“, книга III – охридските ученици во чест на 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.

Во сабота, на 9-ти ноември со почеток во 18:00 часот во кафе бар „Шила“ ќе биде промовирана книгата „Модра мрежа“ од Марина Икомовска Шоќева. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридски боксери на подготовки за Балканско првенство во Србија
Next Вечерва фото изложба „Охрид од високо” на младата охриѓанка Нина Анѓелоска

Слични вести

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани

Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското

Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид „Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.