Warning: Trying to access array offset on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/plugins/elementor/includes/base/controls-stack.php on line 1647

Warning: Trying to access array offset on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/plugins/elementor/includes/base/controls-stack.php on line 1649
January 22, 2026

Охрид, 22. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Во третата недела од 2026 година, во периодот од 12-ти до 18-ти јануари, во Република Македонија се пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 11,2% помалку во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 1.274 лица се на возраст од 15-64 години, 266 лица на возраст над 65 години, 243 деца на возраст од 5-14 години и 279 на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Скопје -556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30. Пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност на вирусот на грип, стои во извештајот.

Во Охрид се бележи намалување во бројот на новозаболени споредено со претходната недела, но и понатаму се бележи многу висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 8.209. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,1 пати. Во текот на сезоната на грип, регистрирани се три починати лица асоцирани со грип.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 77.245 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.833 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес