Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Збогум Буково“ по третпат бара расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на Општа болница

„Збогум Буково“ по третпат бара расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на Општа болница

„Збогум Буково“ по третпат бара расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на Општа болница

Охрид, 24. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ испрати трето официјално барање, покрај многубројните неофицијални, до градоначалникот на Општина Охрид за расчистување на депонијата покрај улицата „Марко Цепенков”, во кругот на Општата болница.

– Општината има законска обврска за мапирање, расчистување и превенирање на сите диви депонии на нејзината територија. Постапувањето според оваа обврска во случај кога ѓубриштето се наоѓа на приватен имот е отежнато и според досегашното наше искуство скоро невозможно. Законот за управување со отпад го уредува ова многу прецизно и јасно во член 38. Градоначалникот на општината има обврска да издаде правен акт за расчистување на ѓубриштата на приватен имот според којшто се задолжува претпријатието одговорно за чистење, велат од „Збогум Буково“.

Изразија надеж дека општината ќе воспостави функционален систем според Законот за ефикасно и успешно чистење на ваквите ѓубришта на нејзината територија, што претставуваат ризик по здравјето на граѓаните и целиот останат жив свет, а дополнително придонесува за лош имиџ на градот Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Next ГРК Охрид против Олимпијакос во 1/4 финалето ЕХФ Купот

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.