Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Здружението „Ретко е да си редок“ одбележува 10 години активизам за ретките болести

Здружението „Ретко е да си редок“ одбележува 10 години активизам за ретките болести

1 min read
Здружението „Ретко е да си редок“ одбележува 10 години активизам за ретките болести

Ретки болести симпозиум

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, викендов одбележува 10 години активизам за ретките болести во Република Македонија.

По тој повод, во сабота и недела, на 12-ти и 13-ти октомври 2024 година, во хотел „Нова Ривиера“ ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, на кој учество ќе земат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации.

Во недела, на 13-ти октомври, симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство проф. д-р Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство проф. д-р Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести од Охрид „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.

На настанот учество ќе земат проф. д-р Велибор Тасиќ, д-р Нора Абази- Емини, проф. д-р Александра Јанчевска, д-р Иван Акимовски, проф. д-р Иван Барбов, д-р Николина Смоковска, доц. д-р Никола Ѓорѓиевски, д-р Владимир Аврамовски, д-р Маја Божиновска- Смическа, д-р Сузана Арбутина и доц. д-р Данило Нонкуловски.

Стручниот симпозиум е акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија, во рамките на програмата за континуирана медицинска едукација со 8 бода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свечена седница и полагање цвеќе на спомен-обележјата на борците по повод 11. Октомври
Next Викендов се одржува првото издание на West Balkan football children’s cup во Охрид

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.