Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер на малиот плоштад кај Мини маркет ќе се одржи изложба на уметнички дела на мали уметници, кои ја посетуваа летната сликарска школа „Пробај уметност“.
„Низ детските очи 4“ е четврта по ред групна изложба на слики во рамките на летната школа. На оваа изложба на отворено ќе бидат изложени 49 слики од деца на возраст од 6 до 12 години.
Школата траеше шест недели, а беше во организација на Здружението за развој на културно – уметнички вредности „Тактус“ од Охрид.
Почетокот на изложбата е во 18:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
