Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

1 min read
Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Скопје, 8. мај 2026 (ИНПРЕС) – Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча. Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет. Винилот веќе е во претпродажба – ексклузивно на duris.shop во ограничен тираж.

Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот.

На албумот се наоѓаат песните, страна А -„Душа остана“, „Никој како тебе не бакнува“  „Боже, чувај ја од зло“ „ Месечина“, Игри без граници. На страна Б- „Среќна ли си ти“, „Најдрага моја“,„Јас не сум виновен“, „Цреша“, „Срце није камен“. Издавач е „Енџел мјузик“, Винил Ремастеринг е на Кокан Димушевски. Мастеринг и печатење Винил-Сони ДАДЦ Австрија.

Објавувањето на овој албум на Винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство. Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналагниот звук. „Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески

Ова е навистина момент за македонската музичка историја. Објавувањето на „Игри без граници“ на винил не е само реиздание, туку и емотивно патување назад кон звукот на ангелот што прерано нè напушти.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Next Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце
1 min read

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.