Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изложба „Сретењски устав“ во Охрид

Изложба „Сретењски устав“ во Охрид

1 min read

Охрид, 8. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Сретењски устав“.

Настанот се реализира со поддршка на Државниот архив на Македонија – одделение Охрид, а во соработка со Педагошкиот музеј од Белград, како резултат на меѓународна соработка меѓу двете земји. Оваа изложба која се состои од 18 банери на кои се претставени членовите на Сретењскиот устав, усвоен на 15-ти февруари 1835 година, е подготвена од д-р Александра Миловановиќ и докторанд Филип Цветковиќ.

May be an image of 2 people and text

Посетителите ќе можат да ги погледнат еден од најважните правни документи на Србија од 19 век, кој го манифестираше демократски потенцијал на српскиот народ. Всушност, изложбата „Сретењски устав“, која е во организација на почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, Михајло Филев, зборува за првиот и најважен документ што го усвоил Кнежевството Србија во 1835 година.

Преку стара копија од оригиналната содржина на уставот, која е пренесена во поголеми формати и изложена во изложбениот простор, се дава можност на посетителите да дознаат повеќе за содржината на самиот документ.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охриѓанец со возило удрил во пешак и три автомобили на улицата „7-ми ноември“, повредени две лица
Next Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.