Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци во струшко, лишено од слобода едно лице, одземено возило

Изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци во струшко, лишено од слобода едно лице, одземено возило

1 min read
Изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци во струшко, лишено од слобода едно лице, одземено возило

Струга, 13. март 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид – ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
Next Утре е Летник: Тоа што ќе го правите утре, ќе го правите цело лето

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.