Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Имате најдобри планови на хартија, но мора конечно да дојде до управување на терен порачаа претставниците на УНЕСКО и Бернската конвенција

Имате најдобри планови на хартија, но мора конечно да дојде до управување на терен порачаа претставниците на УНЕСКО и Бернската конвенција


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во нашата држава на средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во фокусот на интерес биле четири теми поврзани со нелегалните градби, животната средина, Студенчишкото Блато и урбанстичкиот план Горица Север.

Пецаков, презентирајќи го досега преземеното, е задоволен од состанокот и потенцира дека тој како градоначалник и локалната се подготвени да работат на постоечките, но и идните препораки и мерки што ќе бидат дадени. За одредени проекти била побарана и помош за реализација.

Нема достапен опис

– Го презентиравме она што е направено од кога сум јас градоначалник, но и претходно што се работело во таа насока. И тие се свесни дека нешто што 30 години или повеќе не било врз основа на некои принципи пред сé во урбанзацијата, не може преку ноќ да се поправи, меѓутоа нашите заложби како локална очигледно се добро примени, позитивно гледаат како би постапувале по однос на мерките за заштита на Охрид и охридскиот регион, истакна Пецаков.

Според експертот на мисијата на Бернската конвенција, Андреј Совинц, она што се случува со нелегалните градби е апсолутно недозволиво, особено за ова подрачје што има толкава глобална вредност. За вакви подрачја не е потребно да се ставаат само важни напомени на хартија, туку конечно да дојде до управување на терен.

Нема достапен опис

– Охридското Езеро е едно од 1000 локации на оваа планета и е нешто посебно затоа грижата не е само на Охрид и Македонија туку и на меѓународната заедница. Ова што овде се случува со нелегалните градби навистина не би требало да случува, на подрачје што има толкава глобална вредност и слушнавме збор дека оваа власт ќе се погрижи да се запре тој процес и да се напрваи она што е потребно за некои нелегални објекти да се решава проблемот. Имате најдобри планови на хартија но мора да дојде до имплементација и друго треба да се воспостави вистинска врска меѓу просторното планирање и управување на заштитените подрачја, потенцира Совинц, додавајќи дека е потребно едно тело кое ќе управува со светското наследство на регионот.

Нема достапен опис

Следен состанок, што се однесува на Бернската конвенција, е веќе закажан за крај на декември, кога врз основа на увидот што претставниците ќе го направт овие денови, ќе добиеме дополнителни мерки и препораки за спроведување во следниот период.

Претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите утре ќе ја посетат општина Струга, а на средбата со градоначалникот ќе бидат апострофирани дивите градби како најголем проблем. Една од препораките сигурно ќе оди во правец како прво да се најде некој кој ќе управува, но на терен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено до 30-ти јуни
Next Совинц: Никако не смее да се дозволи да се гради марина во каналот Студенчишта

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.