Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено до 30-ти јуни

Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено до 30-ти јуни

1 min read

Скопје, 26. април 2023 (ИНПРЕС) – Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука за продолжување на рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30-ти јуни 2023 година.

Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за белиот леб – сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цедено, се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите од тврда пченица, македонскиот ориз бел, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

– Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува за следните два месеци од оваа година, односно од 30 април до 30 јуни 2023 година, се наведува во соопштението Министерството за економија. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous ДИЖС изврши увид, ќе води инспекциска постапка за нафтената дамка во каналот „Студенчишта“
Next Имате најдобри планови на хартија, но мора конечно да дојде до управување на терен порачаа претставниците на УНЕСКО и Бернската конвенција

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.