Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Историски час по повод 100 годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Историски час по повод 100 годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

1 min read
Историски час по повод 100 годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Охрид, 20. декември 2024 (ИНПРЕС) – Со историски час во понеделник, 23-ти декември ќе биде одбележан јубилејот, 100 години од смртта на познатиот охридски револуционер Петар Чаулев.

Предвидено е обраќање на преставник на Општина Охрид, а историски осврт кон ликот и делото на Петар Чаулев преку историска драма подготви професорот по историја, Михаил Патчев. Настанот ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 15:00 часот.

Петар Чаулев е роден во Охрид, на 18 декември 1881 година, а бил убиен во Милано, на 23 декември 1924 година. Тој бил македонски револуционер, учесник во Илинденското востание.

Се школувал во Охрид и во Битола и на 17 години, како ученик на битолската гимназија „Св. Кирил и Методиј“, положил заклетва и се вклучил во македонското ослободително движење. По краткото учителствување во охридските села, од 1899 година се јавува како организатор на револуционерните комитети во Охридско, Преспанско и Леринско и како војвода во Охридско за време на Илинденското востание.

Во Илинденското востание бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет.

Учествувал во Балканските војни, во Тиквешкото и во Охридско-дебарското востание. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
Next Во вторник започнува новогодишната програма наменета за најмладите

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.