Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Преподобен Харитон Исповедник

Календар на МПЦ-ОА: Преподобен Харитон Исповедник

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Преподобен Харитон Исповедник

Календар на МПЦ-ОА празници Преподобен Харитон Исповедник

Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Преподобен Харитон Исповедник.

Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христос. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на идолите), на што Харитон му одговори: „Сите ваши богови се бесови, коишто се струполени негде заради гордоста во најкрајната темнина.“ И Светиот Харитон јасно ја објави својата вера во Единиот жив Бог, Создателот на се’, во Господ Исус, Спасител на сите луѓе.

Тогаш хегемонот нареди и го биеја и го измачуваа телото на Харитон во толкава мера што целото тело му го прекрија со рани, така што целото беше како една рана. После ненавидната смрт на Аврелијан, којашто во тоа време го постигна злосторникот, Харитон беше ослободен од маките и од затворот. Тој тогаш се упати во Ерусалим. На патот го фатија разбојници, од кои по Божја Промисла се ослободи. И не сакаше повеќе да се враќа во Иконија, туку се повлече во Фаранската пустина, каде што основа обител и собра многубројни монаси. Откако и’ даде типик на оваа обител и сакајќи да ги одбегне човечките пофалби, тој се оддалечи во една друга пустина кон Ерихон, каде повторно со време беше основана друга обител, наречена Харитонова. Најпосле основа и трета обител, наречена Сукиска или на грчки Стара Лавра.

Се упокои во длабока старост и се пресели во славата на својот Господ на 28-ми септември 350 година. Неговите мошти почиваат во неговата прва обител. На Св. Харитон му го припишуваат составот на чинот за монашки потстриг.

Тропар

Пустината во срцата на твоите ученици процвета, о, свети мачениче Харитоне, исповедниче на живата вера во Христа Бога, Спасителот по твоите молитви вода жива за нас постана, застапи се о, ти цвету пустински миомирисен, мирот Христов во тебе, да се слее во нашите души. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини
Next Република Македонија го одбележува 11-ти Октомври, Денот на востанието против фашизмот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.