Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

Календар на МПЦ-ОА: Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит.

Од младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на бедните и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да им дава исцеление. Бестрастен и исполнет со благодат на Светиот Дух, Евмениј заблесна со светлина што не може да се скрие. Па како што е напишано дека не може да се сокрие град на врв планина (Матеј 5, 14) така не можеше ниту свети Евмениј да се скрие од светот.

Како епископ тој управуваше со стадото Христово како добар пастир. Им беше татко на сираците, богатство на сиромашните, утеха на нажалените, исцелител на болните и прекрасен чудотворец. Со молитвата вршеше бројни чуда: умртви една опасна змија, изгонуваше демони, исцелуваше болни, и тоа не само во своето место туку и во Рим и Тиваида.

Во Тиваида со молитва испроси дожд од Бога во време на суша; и таму најпосле го заврши својот земен живот и се пресели во вечните живеалишта на својот Господ. Живееше и дејствуваше во 7. век.

Тропар

Милостив Евмение, пастиру Христов, со помош Божја себе најпрво се излечи, соблекувајќи го стариот човек телото го умртви, осиромашувајќи за светот, во Христа се обогати, моли се ти кој за стадото душата ја полагаше да се спасиме по твоите свети молитви. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози
Next Матичните лекари, педијатри и гинеколози на стручен состанок „Една вакцина за сите“ во Охрид

Слични вести

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга
1 min read

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало
1 min read

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид
1 min read

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.