Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Каналите во Венеција речиси пресушија

Каналите во Венеција речиси пресушија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Венеција, 22. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Венеција, каде што поплавите обично се голем проблем, деновиве се соочува со ниско ниво на водата како резултат на невообичаено ниската плима, но и намалените врнежи од снег на Алпите.

Ниското ниво на водата го оневозможува движењето на гондолите по некои од најпознатите венециски канали.

Проблемите во италијанскиот град се припишуваат на комбинација од неколку фактори, но главно поради недостигот на дожд и повеќенеделните суви зимски временски услови.

Организацијата за заштита на животната средина „Легамбиенте“ објави дека италијанските реки и езера страдаат од сериозен недостиг на вода, особено во северниот дел на земјата.

Најдолгата река во Италија – По, која тече од Алпите на северозапад до Јадранот, има 61 отсто помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија, пак, падна рекордно ниско, што овозможува да се стигне до малиот остров Сан Биаџо на езерото преку отворена патека.

Ваквата состојба ги загрижува екологистите и научниците кои стравуваат дека Италија би можела да се соочи со нова суша по вонредната состојба од минатото лето.

Минатиот јули Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, која обезбедува околу една третина од водата потребна за наводнување на земјоделско обработливото земјиште во земјата и ја претрпи најголемата суша во последните 70 години.
Сепак, најновите временски прогнози ги предвидуваат потребните врнежи и снег на Алпите во наредните денови. (Крај)

извор: 360 степени фото: ABC News

Post navigation

Previous Во Црвениот крст одржана првата ПХВ работилница за годинава
Next Вселенскиот патријарх Вартоломеј годинава лично ќе го донесе томосот за автокефалноста на МПЦ-ОА

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.