Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј годинава лично ќе го донесе томосот за автокефалноста на МПЦ-ОА

Вселенскиот патријарх Вартоломеј годинава лично ќе го донесе томосот за автокефалноста на МПЦ-ОА

1 min read

Гостивар, 22. февруари 2023 (ИНПРЕС) – По заедничката литургија на митрополитот г. Тимотеј, надлежен архијереј на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, заедно со епископот антаниски г. Партениј, архијерејот на Вселенската патријаршија г. Кирил, кој дојде во Бигорскиот манастир од Вселенската патријаршија со благослов на патријархот вселенски г.г. Вартоломеј, пред верниците тој соопшти дека „годинава неговата божествена светост, патријархот вселенски г.г. Вартоломеј ќе ја посети Македонија и на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, лично ќе му го врачи очекуваниот томос за автокефалноста на Македонската православна црква од Вселенската патријаршија“.

Извонредната вест беше прифатена со воодушевување од присутните, иако за некои од нив ова не беше новост, туку плод на долга, чесна и макотрпна работа, која има цел вистината и славата на МПЦ-ОА да продолжи токму онака како што била пренесувана од многу генерации црковни великодостојници на нашата црква, како и од македонските православни верници.

На настанот со молитвено учество во богослуженијата учествуваше хорот „Тропос“ од Атина. Тие со своето прекрасно пеење му дадоа посебен тон на возвишеност на светиот чин. Хорот „Тропос“ е еден од најпознатите и најдобри хорови по источно православно пеење и е раководен од харахот Константин Ангелидис.

На настанот, всушност, наедно се одбележи и именденот на епископот г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Во својата беседа славеникот, епископот г. Партениј, рече: „Гледајќи ве сите вас, вашите облагородени со добрина и љубов лица, во мене нема никаков сомнеж дека денешново собрание, чијшто предводник е нашиот отец меѓу светиите, чудотворецот и епископ лампсакиски Партениј, е токму такво какво што го опишал пророкот. Почувствувајте ја само силата на светиот, која и денес собира и обновува, радува и осветува! Која е таа сила, ако не благодатта на светиот и обновувачки дух?! Впрочем, токму во собранието на верните лежи таинството на црквата божја. Уште од древноста духоносните отци ја дефинирале црквата како евхаристиско собрание на верниците околу својот епископ. Но и епископите не постојат сами за себе, туку и тие живеат во рамночесна заедница, под претседателство на еден. А и претстојателите на помесните цркви не се лишени од меѓусебната соборност, туку обединети под првенството на првопрестолната Вселенската патријаршија, на чиешто кормило, според каноните и традицијата, седи архиепископот на Новиот Рим – Константинопол и вселенски патријарх“.

И во првите години на вториот милениум на опстојувањето на македонското духовно светилиште, манастирот „Св. Јован Крстител“, познат и како Бигорски манастир, ги потврдува светоста и светлината што зрачи со столетија како стожер и закрилник на македонското православие. Токму ова се потврди во понеделникот, со објавата на архијерејот на Вселенската патријаршија г. Кирил, со благослов на патријархот вселенски г.г. Вартоломеј, дека „годинава неговата божествена светост, патријархот вселенски г.г. Вартоломеј, ќе ја посети Македонија и лично на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, ќе му го врачи очекуваниот томос за автокефалноста на Македонската православна црква од Вселенската патријаршија!“. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Каналите во Венеција речиси пресушија
Next Промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија, автор е охриѓанката Емилија Наумоска

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.