Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Конкурс за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Конкурс за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

1 min read

Охрид, 16. мај 2024 (ИНПРЕС) – Општина Охрид објави Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.

Заштитниот знак (логото) како визуелен идентитет треба да го одразува културното и природното наследство на Општина Охрид.

Право на учество на Конкурсот имаат младите лица на возраст од 15 до 29 години,жители на Општина Охрид. Секој учесник може да поднесе најмногу три идејни решенија, а рокот истекува на 31-ви мај.

Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.

Наградниот фонд за најдобрите три идејни решенија изнесува 30.000 денари.

Сите заедно под сино – белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7. Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.

По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7-ми ноември, на самиот роденден на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Се санира објектот „Маларична“, ќе се обезбедат подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал
Next Редовно контролирајте го крвниот притисок, 17-ти мај Светски ден на хипертензија

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.