Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Кон крај на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри на Детското одделение во охридската болница

Кон крај на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри на Детското одделение во охридската болница

1 min read

Охрид, 11. мај 2023 (ИНПРЕС) – Кон крајот на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри во Одделнието за детски болести при Општата болница во Охрид.

Од извори во болницата InPress дознава дека периодов се работи на комплетирање на трансферите на педијатри.

Детското одделение година и пол работи како дневна амбуланта. На неодамна одржаниот симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение, од Здружението на педијатри потврдија дека дефицитот на доктори педијатри е најголем во југозападниот регион, но додаваат и дека расте интересот за специјализација на педијатрија, во моментов над стотина млади лекари се одлучиле за оваа гранка.

Оттаму изразија оптимизам дека во иднина овој горлив проблем ќе се надмине или во најмала рака ќе се ублажи.

Нема достапен опис

Од менаџментот на охридската болница неодамна потврдија дека е одблокирана сметката на установата и дека после подолг временски период се испратија 9 нови доктори на специјализација, меѓу кои и на педијатрија, со што се прави планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, а тоа ќе продолжи и понатаму. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Расте водостојот на Охридското Езеро, ама и понатаму е под месечниот просек
Next Почнува „борбата“ за годинашната титула во ракометниот Куп на Македонија

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.