Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лебедот со закачена јадица на клунот е ослободен објави Facebook страницата Draganstory

Лебедот со закачена јадица на клунот е ослободен објави Facebook страницата Draganstory

1 min read

Струга, 19. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Лебедот кој вчера имаше рибарска јадица закачена на клунот е ослободен, пишува на Facebook страницата Draganstory.

Имено, како што веќе пишувавме, во текот на вчерашниот ден беше објавена фотографија на која лебед имаше дел од рибарска тапа во клунот и закачена јадица.

– Многу ми е мило што денеска успеав да направам фотографија од вчерашниот лебед кој имаше рибарска јадица.
Во денешнава фотографија е ослободен. Ако некој му помогнал тоа е навистина за поздравување. Можеби и самиот некако успеал…Веројатно е и другите лебеди да му ја откинале. Како и да е мило ми е што добро се заврши, стои во објавата на Facebook страницата Draganstory.

Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион. Како главни причини за намалувањето на нивниот број се наведуваат загрозувањето на нивните живеалишта во природата, но и огромното влијание на човекот врз животната средина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Draganstory

Post navigation

Previous Самоиловата тврдина најпосетуван локалитет годинава во Охрид
Next Пресушија Билјанините извори, препознатливиот симбол на Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.