Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Самоиловата тврдина најпосетуван локалитет годинава во Охрид

Самоиловата тврдина најпосетуван локалитет годинава во Охрид

Охрид, 18. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Самоиловата тврдина е најпосетуван локалитет на НУ Завод и Музеј Охрид од почетокот на годинава досега.

Според информациите од оваа национална установа, тврдината од почетокот на годинава имала рекордни 90.000 посетители, Заливот на коските оваа година има 70.000 продадени влезници, а во Музејот Куќата на Робевци имало над 9.000 посетители.

– Овие бројки се показател дека културата е ресурс кој придонесува за развој на општеството, истакна по посетата на Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Веќе четврта година по ред стручните екипи на охридскиот Завод и Музеј работат на проектот за конзервација и доистражување на просторот од Самоиловата тврдина/Цитадела со цел ревитализација на целиот простор заради целосна презентација. Министерката Костадиновска Стојчевска верува дека следната година тврдината ќе биде целосно подготвена за презентација, со што, како што вели, уште повеќе ќе се подигне квалитетот на културната и на туристичката промоција на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous МОН објави конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии по различни основи
Next Лебедот со закачена јадица на клунот е ослободен објави Facebook страницата Draganstory

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.