Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Лозано ја објави новата емотивна балада „Среќен пат“

Лозано ја објави новата емотивна балада „Среќен пат“

1 min read
Лозано ја објави новата емотивна балада „Среќен пат“

Влатко Лозаноски Лозано

Скопје, 2. март 2026 (ИНПРЕС) – На само неколку дена од неговиот солистички концерт закажан за 7-ми март, еден од најмоќните вокали на нашата музичка сцена, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна „Среќен пат“.

Текстот за новата песна го напиша младата артистка Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го потпишува Лазар Цветкоски.

За песната е снимен и видео запис на кој како режисери се потпишуваат Гордан Божиновски и Верица Донев Божиновска. Видеото визуелно ја надополнува приказната што ја носи песната и ѝ дава дополнителна емоционална димензија.

– Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. А за многу скоро подготвувам уште едно изненадување – нова песна во соработка со драги колеги од естрадата, накусо изјави Лозано.

Во меѓувреме, ситно броиме до концертот на 7-ми март во спортски центар „Борис Трајковски”. Сè е подготвено за големо музичко шоу, а Лозано и неговиот тим со нетрпение го очекуваат денот кога заедно со публиката ќе создадат вечер за паметење. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите на улиците „Кленоец“ и „Српница“ неколку часа без вода
Next Пронајдена и отстранета дива депонија на 30 метри од резервоарите за вода во Шум

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.