Охрид, 17. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер од 21:00 часот свечено ќе биде отворено јубилејното 35. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.
Ќе трае до 20-ти август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-на поети и уметници од пет земји.
Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени. Па, така утревечер централен настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија, предвидено е интернационално поетско читање, како и изложба на уметникот Тони Попов.
Годинашниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.
Програма
Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово, сретсело
• 21:00 часот: Официјално отворање:
– САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата. Приредиле: Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.
Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.
– Интернационално поетско читање
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).
• 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов
Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.
Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро
• 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.
• 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.
Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид
• 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.
OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.
Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.
Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.
• 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид
OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)
19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.
Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).
САМОДИВИ (поетско читање): Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива