Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска ќе настапат на престижниот фестивал „Златна лира“ во Скопје

Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска ќе настапат на престижниот фестивал „Златна лира“ во Скопје

1 min read
Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска ќе настапат на престижниот фестивал „Златна лира“ во Скопје

Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Клавирското трио од Охрид, составено од Лина Николеска на виолина од класата на проф. Христина Пецакова Николеска, Антица Николоска на виолина од класата на проф. Мухамед Бајрам и Ана Кузманоска на пијано од класата на проф. Ана Ѓоргиоска, ќе настапат со сопствен концерт на престижниот музички фестивал „Златна лира“.

Правото на настап на овој реномиран фестивал, нашите млади музичари го добија на покана на Сојузот на музички уметници на Република Македонија, после освоената прва награда на годинешниот меѓународен натпревар „Охридски бисери“, што се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Концертот ќе се одржи во недела, 20-ти октомври со почеток во 20:00 часот, во Музејот на револуционерна борба во Скопје.

Фестивалот „Златна лира“ важи за престижен и реномиран фестивал на кој учество земаат исклучителни уметници, кои настапуваат со самостојни концерти. Во програмата за оваа година се вметнати врвни инструменталисти и оперски пеjачи, меѓу кои се и нашите млади и талентирани музичарки. Оваа привилегија да ја делат сцената со најголемите имиња од македонската класична музичка сцена, претставува голем успех и можност да се стекнат со огромно искуство, што ќе им користи во нивното понатaмошно музичко образование и кариера.

Ана, Лина и Антица годинава настапија и на меѓународниот фестивал Тартини во Пиран, Словенија, на кој освоија висока втора награда. Тие се вистински претставници на културно-музичкиот живот на Охрид и наши музички амбасадори низ светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите на Пештани апелираат да се заврши санацијата на патот кој поминува низ селото
Next Два случаи на жени каснати од кучиња во Велгошти и селото Слатино

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.