Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МОН објави конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии по различни основи

МОН објави конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии по различни основи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 18. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за образование и наука (МОН) објави девет конкурси за доделување на вкупно 3.500 стипендии од различни области и по различни основи.

Предвидени се 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите, 100 стипендии за талентирани ученици од средното образование, 150 за талентирани ученици/чки – спортисти/ки, 200 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи, 400 за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, 1.500 стипендии за ученици/чки запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Македонија (дуални паралелки), 900 стипендии за социјална поддршка на ученици/чки, 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби и 50 стипендии за ученици/чки – деца без родители.

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 1-ви ноември, а списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 1-ви декември на интернет страницата на Министерството.

Деталите за сите конкурси може да се погледнат ОВДЕ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава
Next Самоиловата тврдина најпосетуван локалитет годинава во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.