Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ

МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ

1 min read
МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ

​Охрид, 3. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Вкупно 17 медали, од кои по пет златни и сребрени и 7 бронзени, како и пехар за најдобра кадетка освоија таеквондистите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на престижниот меѓународен турнир „Гран При Зворник 2026“ во БиХ.

Македонските натпреварувачи доминираа во конкуренција на над 350 натпреварувачи од 10 европски земји. Нашиот тим од 17 натпреварувачи покажа супериорност, дисциплина и шампионски карактер.

Најтрофеен беше клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец со по 4 златни и бронзени медали, еден сребрен и пехар за најдобра кадетка на турнирот за Миа Танеска. Таа освои и злато во спаринг борби кадетки (+50кг) и форми црвен појас кадетки. ​

Теодора Тодороска освои злато во форми зелен појас младинки У-18 и бронза во спаринг борби младинки У-18 (-60кг), ​Анастасија Чулческа злато – форми плав појас младинки У-18 и бронза – спаринг борби младинки У-18 (-65кг), потоа ​Софија Колушоска бронза – форми црн појас I дан, младинки У-18, Тара Наумоска сребро – спаринг борби девојчиња 8-10 години (+45 кг), ​Еми Еми бронза – спаринг борби девојчиња 8-10 години (-30кг).

Од клубот „Гебек“ од Ресен ​Медина Мусиќ освои злато во форми жолт појас јуниорки,  Марија Тунтевска сребро во спаринг борби јуниорки (+64кг), ​Владимир Димитриевиќ бронза  – спаринг борби сениори 18-34 години (-78 кг) и Димитар Андоновски бронза во форми жолт појас кадети.

Од клубот „Сонкал“ од Мислешево, Струга, Кристијан Гагалески освои сребро во спаринг борби деца 8-10 години (-30кг) и бронза – форми жолт виши појас деца 8-10 години, Павел Ѓикоски сребро – спаринг борби деца 8-10 години (-45кг) и ​Максим Шулески сребро – форми жолт појас деца 8-10 години. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги
Next На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.