Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 3. септември 2015 (ИНПРЕС) – Предноста на партијата на радикалната левица Сириза пред конзервативната Нова демократија се намалила на 0,4 проценти, покажуваат најновите анкети спроведени во Грција.
Резултатите од анкетата на институтот Алко покажуваат дека Сириза би добила 23 отсто од гласовите, а Нова демократија 22,6 отсто. Разликата меѓу Сириза и Нова демократија во друга анкета на Алко од пред три дена беше 1,5 проценти.
Вкупно 14 проценти од гласачите се уште не се одлучиле за која партија ќе гласаат, иако до изборите на 20 септември остануваат помалку од три недели.
Неофашистичката Златна зора се уште е на третото место со 6,1 отсто поддршка, а по неа е Грчката комунистичка партија со 5,5 отсто.
Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас засега ја отфрла можноста да соработува со главните проевропски опозициски партии Нова демократија, социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами. (Крај)
извор: МИА фото: архива
