Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Намалена предноста на Сириза над Нова Демократија

Намалена предноста на Сириза над Нова Демократија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 3. септември 2015 (ИНПРЕС) – Предноста на партијата на радикалната левица Сириза пред конзервативната Нова демократија се намалила на 0,4 проценти, покажуваат најновите анкети спроведени во Грција.

Резултатите од анкетата на институтот Алко покажуваат дека Сириза би добила 23 отсто од гласовите, а Нова демократија 22,6 отсто. Разликата меѓу Сириза и Нова демократија во друга анкета на Алко од пред три дена беше 1,5 проценти.

Вкупно 14 проценти од гласачите се уште не се одлучиле за која партија ќе гласаат, иако до изборите на 20 септември остануваат помалку од три недели.

Неофашистичката Златна зора се уште е на третото место со 6,1 отсто поддршка, а по неа е Грчката комунистичка партија со 5,5 отсто.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас засега ја отфрла можноста да соработува со главните проевропски опозициски партии Нова демократија, социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Запленетиот брод со оружје на Крит бил во сопственост на грчка компанија
Next Србинка си го уби бебето откако го роди

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.