Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Намален бројот на интервенции на охридските пожарникари споредено со лани, заклучно со јуни интервенирале 127 пати

Намален бројот на интервенции на охридските пожарникари споредено со лани, заклучно со јуни интервенирале 127 пати

1 min read

Охрид, 25. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во првите шест месеци од годинава охридските пожарникари бележат помал број интервенции, споредено со истиот период лани.

Заклучно со 30-ти јуни забележани се 127 интервенции за гаснење на пожари на објекти, отворен простор и на сообраќајни средства, за разлика од лани кога сме имале 148 интервенции, вели за Супер радио и InPress командирот на охридската Територијална противпожарна единица Борко Јанкулоски.

– Заклучно со денес, 25-ти јули, во овој месец имаме интервенирано на 9 пожари, од кои 4 на отворен простор останатите на објекти и возила. Ова е некоја добра бројка, помала од лани. Во оваа половина година имаме зголемување во однос на интервенции при сообраќајни незгоди, особено на патниот правец Охрид – Кичево, сакам да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат патната сигнализација, со цел да се избегнат тие несреќи, рече Јанкулоски.

Додава дека моментално состојбата е стабилна и нема посериозни интервенции, но само при мало невнимание состојбата може да се промени. Ова особено се однесува за сезоната на жетва, кога обично се започнува со палење и чистење на стрништата. Јанкулоски апелира до земјоделците да не ги практикуваат тие старомодни методи за чистење на нивите.

Охридските пожарникари, особено деновиве, ќе бидат ангажирани околу обезбедување на бројните концерти, културни, спортски и други манифестации, типични за овој период од годината. Од 2017 година пожарникарите спасители имаат добиено статус на овластени службени лица, па за таа цел изработени се службени легитимации за пожарникарите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во тек е увидот на Комисијата за проценка на штетите од невремето од минатиот месец во Охрид
Next Јанкулоски: Што поскоро набавка на пловен објект за интервенции на пожари од вода, потегот кон Св.Наум најкритична точка

Слични вести

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга
1 min read

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало
1 min read

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид
1 min read

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.