Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкулоски: Што поскоро набавка на пловен објект за интервенции на пожари од вода, потегот кон Св.Наум најкритична точка

Јанкулоски: Што поскоро набавка на пловен објект за интервенции на пожари од вода, потегот кон Св.Наум најкритична точка

1 min read

Охрид, 25. јули 2023 (ИНПРЕС) – Справувањето со евентуална огнена стихија на потегот кон Св. Наум и во стариот дел на градот е рак рана годиниве наназад, особено преку лето.

Секоја година, особено пред и во текот на сезоната се зборува за неопходноста Охрид, како туристички град да има пловен објект за интервенции на пожари од вода.

На ова поле засега нема ништо ново, а е важен сегмент во целокупното работење на охридската Територијална противпожарна единица.

Командирот на охридската Територијална противпожарна единица Борко Јанкулоски во изјава за Супер радио и InPress вели дека најкритична точка е потегот кон Св.Наум за каде во одредени периоди од денот практично е невозможно физички да се стигне со противпожарно возило.

– Апелирам до надлежните служби да се заинтересираат, заеднички да изнајдеме некое решени, да се направи проект, да се набави противпожарно бротче, за гаснење од вода. Истото би служело за потегот Трпејца, Љубаништа, Св. Наум, како и за стариот дел на градот кон Канео. Во ваква ситуација пристапот со возило сега ни е ограничен, а вака со пловен објект би стигнале навремено и би се реагирало побрзо, потенцира Јанкулоски.

Опожарена куќа во строгиот центар на Охрид (Фото/Видео)

Состојбата во стариот дел на градот е приказна за себа, има делови што се речиси недостапни за поголеми противпожарни возила, а проблем претставуваат и автомобилите кои граѓаните ги оставаат на улица, како и збиениот тип на куќи.

За да не се доведеме во ситуација да се случат насакани настани, па дури потоа да почне посериозно да се размислува на оваа тема, надлежните посериозно да ја разгледаат потребата од набавка на вакво пловило за Охрид како сериозна туристичка дестинација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Намален бројот на интервенции на охридските пожарникари споредено со лани, заклучно со јуни интервенирале 127 пати
Next Комисијата за уставни прашања го прифати предлогот за уставни измени, седницата ќе се одржи на 18 август

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.