Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје, 4. април 2024 (ИНПРЕС) – Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска па до 8-ми мај е отворена бесплатната телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
– Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 и 08.05.2024. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака, стои во соопштението.
Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
