Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

1 min read
„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Охрид, 17. април 2026 (ИНПРЕС) – „Наследена носија“ е насловена самостојната изложба на Мила Добревска што ќе биде отворена на 23 април во Охрид.

Инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, Мила ги преиспитува и прилагодува основните елементи на уметноста: боја, линија, површина, форма, материјал и простор користејќи рачно-моделирана цементна маса, површини посипани со стакло и иновативни техники на ткаење и сликање. Наследените вредности се преточуваат во нови форми кои смело се приклонуваaт кон современиот општествен контекст.

– „Наследена носија“ го пресликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во нови обележја на современото однесување. Во овој контекст наследените носии не се само облеката што ја носиме, туку и начинот на кој се претставуваме и како другите нè перцепираат, одразувајќи ги наследните особини и тенденции што нè прават препознатливи.

Изложбата се обраќа на помладата генерација како потсетник, токму за овие вредности и доблести кои остануваат нераскинлив дел од нас: добрина, љубов, критичка свест, истрајност и снаодливост. Овие карактеристики се претставени преку дуалистичка интерпретација на минатото и сегашноста, со споредби, хармонии, испреплетувања, создавајќи нови толкувања и адаптации, велат кураторите на изложбата, галеријата „Пионери“.

Изложбата ќе биде поставена во „Куќата на Робевци“, а отворањето е од 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
Next Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.