Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • На денешен ден во 2007 година Тоше го имаше последното интервју за емисијата „Вртелешка“ на Канал 5

На денешен ден во 2007 година Тоше го имаше последното интервју за емисијата „Вртелешка“ на Канал 5

1 min read
На денешен ден во 2007 година Тоше го имаше последното интервју за емисијата „Вртелешка“ на Канал 5

Тоше Проески последен концерт

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) –  На денешен ден во 2007 година, македонскиот музички ангел Тоше Проески го имаше последното интервју за емисијата „Вртелешка“ со Весна Петрушевска и Васил Зафирчев на Канал 5 телевизија.

Иако секогаш важеше за весел и позитивен човек, Тоше во текот на разговорот е видно нерасположен, уморен и раскажува како тешко се носи со славата.

На прашањето на водителката дали сака да се тргне од се’, тој одговара:

– Сакам ама не можам. Машинеријата ме стави, како велат, во барабан и готово. Нема враќање. Барам опоравување од секојдневните интервјуа, шминкања, тргнување на шминка, пакувања. Патувања во Загреб, па назад, патување во Австралија… Од се’ ми е овде, кажа тој и додаде:

– Правам грешки како секој нормален човек секојдневно. Не сум безгрешен, светец, ниту ангел, далеку сум од тоа, но сум далеку и од грозните приказни кои ми се препишуваат откако сум познат.

Раскажуваше за своите родители како големи животни примери. Интервјуто можете да го погледнете овде.

На 5-ти октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт, на Градски стадион во Скопје, само 11 дена пред трагичната сообраќајна незгода во која го изгуби животот. Концертот беше со хуманитарен карактер, а целата собрана сума беше за реновирање на стотина училишта ширум Република Македонија.

– Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество, изјави тогаш Тоше.

Гости на концертот беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.

– Сликајте ме со ѕвезденото небо, ѝ се обрати Тоше на публиката кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

Утрото на 16-ти октомври на автопатот Липовац-Загреб, кај местото Нова Градишка во Хрватска, Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на само 26 години, ставајќи крај на една кариера која допрва требаше да блесне во светски рамки. (Крај)

извор: 4news.mk фото: архива видео: trtmrtfrt

Post navigation

Previous ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид вторник 15.10.2024 година (Видео)
Next Срцев удар е причина за смртта на поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд, кој почина во Охрид

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.