Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)

На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. мај 2024 (ИНПРЕС) – Со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“, охридските матуранти ја одиграа традиционалната матурска парада.

На настанот што веќе прерасна во традиција учествуваа матуранти од четирите средни училишта во Охрид. За подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.

Денешниов е ден на радоста, ден на убавината, на младоста, ден што означува крај на една и почеток на друга, многу важна етапа од животниот циклус на нашите матуранти, рече во своето поздравно обраќање градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посакувајќи им успеси во иднина.

– Со голем ентузијазам и нескротлив дух реализирајте го сето она што сте го замислиле, а е од општо добро. Не е важно дали ќе го продолжоите своето образование или ќе изберете занает со кој ќе се занимавате во иднина. Важно е сработеното да биде со љубов и желба .. „Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи“. Работете вредно и чесно, не скршнувајте од патот и никогаш не се откажувајте од своите соништа. Сонувајте, затоа што соништата секогаш се исполнуваат на оние кои се вложуваат да ги реализираат. „Оние кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат Светот се оние кои го прават тоа, истакна Пецаков.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.

Танцот „Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Ohrid Ultra-Trail 2024: На Галичица ќе трчаат 448 планински тркачи од 35 земји
Next Стојковски: Вкусот на бургерите од Bro’s Burger Station беше прифатен од самиот старт

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.