Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 22. мај 2024 (ИНПРЕС) – Со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“, охридските матуранти ја одиграа традиционалната матурска парада.
На настанот што веќе прерасна во традиција учествуваа матуранти од четирите средни училишта во Охрид. За подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.
Денешниов е ден на радоста, ден на убавината, на младоста, ден што означува крај на една и почеток на друга, многу важна етапа од животниот циклус на нашите матуранти, рече во своето поздравно обраќање градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посакувајќи им успеси во иднина.
– Со голем ентузијазам и нескротлив дух реализирајте го сето она што сте го замислиле, а е од општо добро. Не е важно дали ќе го продолжоите своето образование или ќе изберете занает со кој ќе се занимавате во иднина. Важно е сработеното да биде со љубов и желба .. „Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи“. Работете вредно и чесно, не скршнувајте од патот и никогаш не се откажувајте од своите соништа. Сонувајте, затоа што соништата секогаш се исполнуваат на оние кои се вложуваат да ги реализираат. „Оние кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат Светот се оние кои го прават тоа, истакна Пецаков.
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.
Танцот „Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)
извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес
