Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – На 20 јуни ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и Таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
Ова е особено атрактивен натпревар, што од година во година привлекува сé повеќе натпреварувачи. Така е и годинава, се очекуваат натпреварувачи од земјите од соседството и други европски земји. Пријавувањето е отворено до 19 јуни.
Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното, свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен. Со овој турнир ќе биде заокружена пролетниот дел од натпреварувачка сезона. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
