Охрид/Струга 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Викендов, Охрид ќе биде домаќин на 11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“, во организација на клубот „Дрим“ од Струга.
Ќе учествуваат над 800 натпреварувачи од 20 земји, кои ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и љубов кон џудото.
– Ги покануваме сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем меѓународен спортски настан и да ги поддржат младите џудисти во нивните настапи, велат организаторите.
Натпреварите ќе се одржат на 13 и 14 јуни во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
