Охрид, 23. март 2026 (ИНПРЕС) – Поради дефект и интервенција на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Страшо Пинџур“ и „Серафим Китаноски“. Додека пак поради интервенција на водоводната мрежа, од 09:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „АСНОМ“ и бул.„Туристичка“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен, до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
