Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 10. април 2023 (ИНПРЕС) – И покрај константниот пораст периодов, сепак нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму останува под месечниот просек.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,30 м.н.в, што е за 27 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 20 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8,5 степени и е за 1,8 степени пониска во однос на месечниот просек.

Последнава недела езерскиот водостој е покачен за два сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.
– Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР
