Охрид, 5. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Доделени нови апарати на ЈП „Водовод“ Охрид од Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“.
Набавени се два режачи за пилинг и еден електричен ударен чекан. Основната цел на проектот е обезбедување континуирано, сигурно и квалитетно водоснабдување за граѓаните на Општина Охрид, преку побрзо и поефикасно отстранување на дефектите во водоводната мрежа.
– Со набавката на опремата се унапредува ефикасноста во управувањето со системот, се намалува времето на интервенција и се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните, велат од Центарот.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а го реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
