Атина, 2. март 2018 (ИНПРЕС) – Врховниот суд во Атина денеска го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски.
Рочиштето поради отсуството еден од адвокатите е одложено за 9-ти март.
Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“. Тие во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил. (Крај)
извор: Р.С Европа фото: архива
