Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор на Уредникот
  • Осмо обвинение против Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга

Осмо обвинение против Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга

1 min read
Осмо обвинение против Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга

Рамиз Мерко

Струга, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Според истиот извор, обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12-ти јануари 2022 година, за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12-ти јануари 2022 година до 31-ви јули 2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Ова е осмо поднесено обвинение за градоначалникот на Струга. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Post navigation

Previous Општина Охрид ќе ја одбележи 1010 годишнината од смртта на Цар Самуил
Next In memoriam: Почина познатиот охридски угостител Павел Каралиев- Патка

Слични вести

Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото) Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото)
1 min read

Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото)

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото) Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)
1 min read

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)

Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај
1 min read

Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.