Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“

Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“

1 min read
Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“

Рим, 27. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Охридската оперска дива Миланка Новеска периодов во Рим, Италија, на покана на CDS Академијата и „Domma“ театар интензивно се подготвуваше за нов проект што ќе го изведе викендов.

Имено, италијанската публика утревечер ќе има можност да ја види Миланка во улогата на Росина, во премиерата на претставата „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Втората претстава е на 1-ви март. Покрај Новеска, дел од актерската екипа се пејачи од Франција, Перу, Романија и Италија.

Како најава за она што следува, деновиве таа беше дел од голем концерт што се одржа во Bishop’s Palace, Ostia Antica. Во преполната сала Миланка настапи со останатите пејачи ангажирани за „Севилскиот бербер“.

Новеска периодов има поприлично набиена агенда со оперски концерти, соло и настапи со матичниот камерен хор на Eric Ericsons Kammarkör во Шведска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Со 37 заболени од грип за една недела во Охрид има сезонска активност на вирусот
Next Жителите на улиците „Кленоец“ и „Српница“ неколку часа без вода

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.