Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски стрелци настапија на Меѓународен куп во Србија

Охридски стрелци настапија на Меѓународен куп во Србија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 9. февруари 2023 (ИНПРЕС) – На самиот старт на натпреварувачката сезона, стрелците на клубовите „Охрид“ и „Лихнидос“, настапиjа на меѓународниот Куп „Војводина 2023“, што се одржа во Нови Сад, Србија.

Истите зедоа учество во двата натпреварувачки дена, во поединечна конкуренција и Mix team.

Во категорија на јуниори – пушка, Бојан Спасеновски, со резултат од 612.1 круг се пласира на 7-мата позиција, од вкупно 12 натпреварувачи, односно 11-то пласиран од вкупно 19 натпреварувачи во севкупен пласман – мажи. На истиот му недостасуваа само 5 круга за влез во финале.

Во истата категорија свој прв настап имаше и Кристијан Балоски, кој за жал пукаше далеку под своите можности и со резултат од 577.8 круга се пласира на 12-та позиција во јуниори пушка, односно 18-то пласиран во севкупен пласман.

Нема достапен опис

Во дисциплина воздушна пушка – жени, Јована Милевска од СК „Охрид”, со резултат од 604.1 круг се пласира на 21-тата позиција од вкупно 31 натпреварувачки – информираат од Стрелачкиот клуб Охрид.

Вториот натпреварувачки ден, во Мix Team, Јована Милевска и Бојан Спасеновски со резултат од 602.7 круга по убавиот влез во првата серија, не успеаа да го задржат темпото за влез во финале, каде се пласираат само 4 тимови, па се пласираа на 8-мата позиција од вкупно 10 тимови.

Нема достапен опис

Кристијан Балоски во комбинација со стрелецот на РЕК „Битола”, Марија Црвенкоска, се пласираа на 10-тата позиција со вкупен резултат од 591.6 круга, додаваат од клубот.

Веќе наредниот викенд, стрелците од двата клуба имаат настап на меѓународниот Турнир во Софија, Бугарија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР на Бугарија потврди дека ќе го обезбедува Пендиков
Next МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.