Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро на пет сантиметри над декемврискиот просек

Охридското Езеро на пет сантиметри над декемврискиот просек

Охридското Езеро на пет сантиметри над декемврискиот просек

Охрид, 20. декември 2023 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро се подобрува и сега е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 5 сантиметри над просекот за декември (693,32 м.н.в) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри. Температурата на водата е 9 степени и е за речиси 4 степени пониска од просечната.

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Утре и во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. Под влијание на влажен бран во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во североисточните делови во петок кон крајот на денот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Течат подготовките за Бадниковата поворка
Next Неработни денови во 2024 година

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.