Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро на 14 сантиметри над просекот, денес е на кота од 693,53 м.н.в

Охридското Езеро на 14 сантиметри над просекот, денес е на кота од 693,53 м.н.в

Охридското Езеро на 14 сантиметри над просекот, денес е на кота од 693,53 м.н.в

Охрид, 2. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро продолжува да се зголемува и таквиот тренд трае подолг период.

Според денешните мерења нивото е на кота од 693,53 м.н.в што е за 14 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 43 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 6 степени и е за половина степен пониска од просечната.

Хидролошката состојаба на Охридското Езеро може да се каже дека е на задоволително ниво, езерскиот водостој за една недела пораснал за два сантиметри.

Годинава за разлика од лани езерскиот водостој е во подобра кондиција. Колку за споредба, лани во овој период езерското ниво било околу природната кота од 693,17 м.н.в, односно цели 22 сантиметри под просечното.

Февруари 2025

Во Охрид денес претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 7 степени.

– Во текот на следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица
Next Во четврток започнуваат годинашните Прличеви беседи

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.