Охрид, 11. март 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на месец јануари 2026 година туристички Охрид го посетиле вкупно 10.352 гости, од кои 5.184 биле домашни, а 5.168 се странски.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 18.386. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Србите – 1.395, по кои следуваат гостите од Турција 877, Бугарија 816, Грција 526, Кина 257, други азиски земји 203…
На ниво на државата, Република Македонија во јануари годинава ја посетиле вкупно 52.943 туристи, од кои 20.228 биле домашни, а 32.715 странски. Остварени се вкупно 103.983 ноќевања.
Вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на истиот месец претходната, е зголемен за 6.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.7 %. Бројот на домашните туристи е зголемен за 10.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.9 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 4.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 7.7 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
