Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид домаќин на регионална средба на службите за планинско спасување

Охрид домаќин на регионална средба на службите за планинско спасување

1 min read
Охрид домаќин на регионална средба на службите за планинско спасување

Охрид, 14. април 2026 (ИНПРЕС) – Од 17 до 19 април, Охрид ќе биде центар на регионалната соработка во областа на планинското спасување, како домаќин на значајна средба на службите што се редовни членки на ICAR – International Commission for Alpine Rescue.

Настанот ќе обедини претставници на водечките служби од регионот, со цел унапредување на професионалните стандарди, зајакнување на партнерствата и координацијата, како и размена на современи практики и искуства во справување со предизвиците во планинското спасување.

Домаќин на средбата е Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија, кој ќе ги претстави своите активности, развојни насоки и тековни иницијативи насочени кон јакнење на националниот систем за спасување.

– Во рамки на програмата, на учесниците ќе им бидат презентирани и капацитетите и оперативната подготвеност на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, како и заедничките проекти што се реализираат во насока на развој и унапредување на планинското спасување во државата. Целта на средбата е продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и знаења, иницирање и планирање на заеднички регионални проекти, како и усогласување на ставови и политики од заеднички интерес во рамките на ICAR, велат организаторите.

На средбата ќе присуствуваат раководствата на организации од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Ова е трета регионална средба по ред, по првата одржана во Хрватска во 2024 година и втората во Словенија во 2025 година, на која беше потпишан и регионален договор за соработка. Со овој договор се предвидува службите да се состануваат најмалку еднаш годишно, со цел континуирано јакнење на регионалната координација и унапредување на стандардите во планинското спасување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Генијална идеја“ во петок на репертоарот на Народен Театар Охрид
Next Здравје: Дехидрацијата како причина за замор и летаргичност

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.