Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид претставен на Саемот за туризам и спорт во Приштина

Охрид претставен на Саемот за туризам и спорт во Приштина

1 min read
Охрид претставен на Саемот за туризам и спорт во Приштина

Охрид, 27. април 2023 (ИНПРЕС) – Општина Охрид деновиве учествува на Саемот за туризам и спорт, што се одржува во Приштина, Република Косово.

Помеѓу голем број на излагачи од регионот, штандот на Општина Охрид предизвика голем интерес како од туристички така и од спортски аспект.

Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на Косово и др. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид.

Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18-ти до 27-ми август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на фестивалот.

Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој Фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како Охрид Трчат, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започна уривањето на фонтаната на плоштадот кај Чинарот во Охрид
Next Kомедијата „Несфатената цивилизација“ вечерва повторно пред охридската публика

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.