Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај (Фото)

Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај (Фото)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Охрид се украсува во пресрет на големиот христијански празник Водици.

Оперативните служби на ЈП „Охридски комуналец“ го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, за што е ангажирана и специјална механизација.

Нивни екипи го украсија централното градско подрачје и градското пристаниште во знакот на Богојавленските празнувања, а јавната хигиена на локациите каде ќе се одвиваат настаните се одржува на највисоко ниво.

Прославата на празникот на 19-ти јануари ќе започне со утринска богослужба од 07:00 часот додека божествената литургија ќе почне во 08:30 часот. Чинот на положување на Чесниот крст во водите на езерото ќе биде во 10:00 часот на Градското пристаниште.

Централната прослава на празникот ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско каде ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, на градскиот плоштад ќе се одржи забавна програма за посетителите, а ќе настапи групата Next time.

Во 12:00 часот во месноста Сараиште ќе има групно крштевање, а заинтересираните може да се пријават кај парохискиот свештеник во црквата Св. Никола Геракомија.

На денот на празникот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 09:00 до 15:00 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Камионите со стока од 1. февруари ќе се мерат само еднаш – Царините на Македонија и Србија потпишаа Меморандум
Next Во првите две недели од годинава во Охрид се регистрирани 133 заболени од грип, сезонава се вакцинирани 2.513 лица

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.