Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Локална Самоуправа
  • Перински од Охрид: Се носи нов закон за локална самоуправа, ќе се уреди и прашањето за можно отповикување на градоначалниците

Перински од Охрид: Се носи нов закон за локална самоуправа, ќе се уреди и прашањето за можно отповикување на градоначалниците

1 min read

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска од Охрид истакна дека во тек се активностите за донесување нов закон за локалната самоуправа, со кој ќе биде уредено и прашањето за можност за отповикување на градоначалник под определени услови.

Тој напомена дека со постојната легислатива, функционерите избрани на напосредни избори како градоначалници, нема никаква законска можност за нивно отповикување.

– Наредната седмица ќе ве информираме за настан на експертско ниво, на кој ќе бидат детерминирани слабостите на постоечкото законско решение… Главен императив во новото законско решение ќе биде можноста за отповикување на градоначалник. Сакаме со овие законски измени да им се овозможи на граѓаните да ги осповикаат оние кои ги избрале, рече Перински, нагласувајќи дека интенција е мандатите на идните градоначалници да бидат уредени со ново законско решение.

Перински уште рече дека дополнително со измените на легислативата ќе биде уредено функционирањето на комуналната полиција со законот за локална самоуправа, што сега е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски.

– Сакаме да ја препознаеме со законот за локална самоуправа, за да немаме девијанти појави на уништување урбана опрема за која општините издвојуваат значајни средства, рече тој. Перински истакна дека поостоечкиот закон е постар од две децении и како таков, како што рече, „зрел за промени“.

Што се однесува на средствата предвидени како финансиска поддршка на локалните самоуправи од кредитот од Унгарија, министерот посочи дека во рамки на шесте ресорни министерства во завршна фаза е процесот на евалуација, а одлуките ќе бидат донесени од Владата веднаш штом тој процес биде завршен.

– Очекуваме да стигнат предлог-одлуките. Кога ќе заврши процесот на евалуација истите ќе ги ставиме на владина седница. Може за тоа да биде свикана и вонредна седница, рече тој.

Досега апликации за добивање финансиски средства поднеле 80 општини, за реализација на 358 проекти. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Јавен повик за додаток за студенти од семејства со социјален ризик кои студираат надвор од Охрид за академската 2024-2025 година
Next Приведено лице во Основно училиште во Охрид поради агресивно однесување

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.